
Уморниот изглед на очите и темните кругови (подочњаци) се проблем на многумина. За нивната појава постои генетска предодреденост, но подочњаците можат да се јават и како последица на алергија,анемија, исцрпеност, умор, тешкотии во дишењето преку нос, проблеми со бубрезите или срцето, лоша циркулација, стрес..
Потечените очи можат да бидат знак и дека ви недостасуваат протеини, есенцијални масти, Б витамин и фолна киселина. За да се ослободите од подочњаците, најважно е да ја откријате и елиминирате евентуалната причина за нивната појава, а еве и неколку совети како да го вратите свежиот изглед на лицето.
Пред се, потрудете се да пиете што повеќе течности, особено вода во текот на денот. Променете ја исхраната, збогатете го менито со месо, риба и млечни производи. Обидете се да спиете на плеќи, а вашата глава да биде благо подигната. Тоа овозможува подобра циркулација на крвта и го спречува собирањето на течноста околу очите.
На овој дел на лицето нанесувајте редовно креми со витамин Ц и К, како и алтахидроксилна киселина. Мошне успешна е комбинацијата на гел и капсула, со тоа што гелот делува локално и има за цел да ја поттикне микроциркулацијата на пределот под очите, а капсулите на база на растителни екстракти ја поттикнуваат детоксикацијата. Оваа терапија се применува околу 1 месец, после што се видливи резултати. Ви го препорачуваме францускиот бренд Талика за нега на очната зона. Но и за кој бренд да се определите, важна е кружната масажа на очите.
Меѓу лаиците веројатно ќе слушнете совет дека се корисни и кремите против хемороиди за отклонување на подочњаци, но ви советуваме сепак да ги избегнувате, зошто можно е дополнително да ви ја исуши кожата и да предизвика црвенило.
Еден од ексклузивните препарати за отстранување на подочњаците се направени од рскавица на ајкула, но за многумина се тешко достапни, односно скапи. Постојат и препарати на база на есенцијални масла кои се многу ефикасни бидејќи ја смируваат, ја хранат кожата и ја поттикнуваат циркулацијата.
Ако повеќе преферирате природни препарати, тогаш правете чести облоги од чај од жалфија ( ладни и топли) Една лажица листови од жалфија прелијте ги со пола чаша врела вода и оставете ги поклопени 10 минути, процедете го и половина од чајот изладете ја, а другата половина подгрејте ја. На капаците наизменично ставајте ги облозите натопени во топол и ладен чај.
Во борбата со подочњаците помагаат и маски од магданос или пресован варен компир, како и кругови од краставици.