Грешки кои не треба да ги правиме на состанок!

popara14 јануари, 20141min00
first-date-etiquette

 

Мажите се склони на грешки на кои жените воопшто не гледаат со воодушевување. Затоа, внимавајте да не ви се случи некоја од овие работи.

mr_2916354bc96c5d
Гледање други жени
Жената не поднесува кога машкото кое е со неа, гледа други девојки. Иако ви се чини дека тоа го правите дискретно, на женското око ништо не му поминува незабележано.
Умилкување и нагалени имиња
Умилкувачките прекари и користење на нагалени имиња, оставете ги за подоцнежната фаза, ако дојде до неа.
Телефонирање
Со постојаното гледање во мобилниот телефон, праќање пораки или оставање статус на Фејсбук, оставате впечаток дека сте незаинтересирани. За ова ќе добиете голем минус кај потенцијалната партнерка. Жените сакаат да се во центарот на вниманието и бараат да им се посветите.
Раскажување за поранешната
Првиот состанок секако не е момент да ја “отворите душата”. Впрочем, жената која површно ја познавате, веројатно и не ја интересира ништо што има врска со вашите поранешни љубови.
Лошо однесување и особини
Не мора да сте вкочанети и вештачки, но основните правила на бонтонот би требало да се почитуваат. Гласното викање на келнерот, непридржување на вратата, некористење на приборот за јадење правилно, само ќе ја одвратат и расколебаат да влезе во врска со вас.
Пари, пари, пари
Ова е осетлива тема, за која секако не би требало да се разговара на првиот состанок, затоа што може да оставите погрешен впечаток за вас.
Скржавост
Правило е машкото да ја плати сметката ако е иницијатор на излегувањето. Дури и ако таа понуди пари, бидете одлучни и одбијте, но може со насмевка да спомнете дека таа ќе плати и ќе чести следниот пат и така да ја најавите новата средба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag