Како изгледа милионскиот предбрачен договор на Бранџелина?

popara12 септември, 20141min00
10
Еден од најславните холивудски парови, Анџелина и Бред Пит, неодамна се венчале, а претходно потпишале и милионски предбрачен договор.

Во случај Бред да ја изневери Анџелина со друга жена, таа ќе го добие старателството над децата. Тоа е само една од интересните клаузули од предбрачниот договор на славниот пар.

Парот е “тежок” 425 милиони долари, па во договорот стои, во случај на развод, секој да го земе тоа што го имал пред бракот. Парите кои ќе ги заработат додека се во брак ќе бидат уплатени во фондовите на нивните деца.

Освен што потпишале предбрачен договор, напишале и тестаменти во кои поголем дел од парите ги наследуваат нивните деца. Друг дел од парите оди во домот за деца од каде што и самите посвоиле. Покрај тоа, актерката осигурила пари и за истражување на рак на дојка.

Изгледа дека адвокатите ја убедиле Анџелина во договорот да вклучи и клаузула за неверство, бидејќи Бред бил во брак со Џенифер Анистон кога влегол во врска со неа. Доколку тоа го направил еднаш, кој гарантира дека нема да го направи уште еднаш.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag