Најпознатата американска старлета која се средува од глава до пети за секое свое јавно појавување, параците ја дочекале неподготвена. На фотографиите ќе ја видите Ким во козметички салон каде била на педикир и каде е боса, без шминка и без средена фризура, односно сосема спротивно од она што сме навикнале да го гледаме.
Ким е во друштво на својот вереник Каније Вест, за кого неговата избраничка е убава во сите изданија.
Дури смета, според она што неодамна го изјави, дека таа е една од најубавите жени на сите времиња. Дали е во право, проценете сами.



