Како правилно да го изберете вистинското руменило за вашиот тен

25 септември, 20140
8

Како да препознаете кое руменило ќе одговара најдобро со вашиот тон на кожа?
Уметникот во шминкање Лилјана Волз, директорка на образование за Youngblood Mineral Cosmetics, има многу кул трик за тоа како да знаете дали светло розевото руменило ќе ви одговара без да го пробате.

 

„Ставете го руменилото на вашата дланка и бојата треба да се совпаѓа со бојата на вашите прсти. Сигурно не сте знаеле дека  бојата на врвот на  прстите е најблику до бојата на вашите образи и задната страна на вашите уши, две други точки што го покажуваат вашиот природен тен на ликот, најсоодветно“, вели Волз.

Најдобар трик пред да почнете да го нанесувате руменилото е да се насмевнете. Така ќе ги истакнете јаболкниците на образите. Нанесувајте го руменилото со четка за руменило (ако е во прав) или со прстите ако употребувате кремасто руменило.

Руменилото треба да го нанесувате од долу, па нагоре по лицето (отприлика под агол од 45 степени). Правете брзи движења. Не ги повторувајте истите места, освен ако не сакате да го зголемите интензитетот.

Ако нанесете премногу руменило во прав, земете ја четката за пудра и обидете се да го отстраните вишокот. Доколку нанесете повеќе кремасто руменило, најдобро е вишокот да го отстраните со сунѓерче за нанесување на течна пудра.

Не нанесувајте руменило блиску до носот или под очите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *