Како семејството Родшилд го освои светот?

28 ноември, 20140
Како најмоќните луѓе во светот, семејството Родшилд повеќе од 200 години врши големо влијание на економската, а оттаму и на политичката историја и сегашност на Европа и светот.

Имено, уште од деветнаесеттиот век, семејството Родшилд е помеѓу најбогатите на планетата. Денес овие луѓе живеат во целосна тајност и за нив се знае многу малку. Богатството создадено преку нивните банкарски дејности се проценува на стотици милијарди долари.

 


Благодарение на банките, ова семејство го стекнало своето огромно богатство. Така, денес речиси и да нема држава во светот каде што тие не основале своја банка и каде истата не е и централна банка на земјата. Всушност, токму тоа е и она интересното!

Имено, пред четиринаесет години, поточно во 2000 година, во светот постоеле само осум држави кои не биле освоени од Родшилд. Авганистан, Ирак, Судан, Либија, Куба, Јужна Кореја, Иран и Сирија. Интересно е тоа што сите овие земји се мета на западниот свет.

Три години подоцна, во 2003 година, остануваат само шест земји во кои Родшилд нема свои корени: Судан, Либија, Куба, Северна Кореја, Иран и Сирија.

Во овој период Ирак беше прогласен за терористичка закана, по нападот на американските кули Близначки, исто како и Авганистан. Тогаш војската на САД влезе во државата и од претседателскиот трон го тргна тогашниот претседател Садам Хусеин…

Во 2011 година, на листата со земји за освојување останаа само четири земји: Куба, Северна Кореја, Иран и Сирија, откако во меѓувреме ситуацијата со Либија и Судан “беше решена”, кога лидерот Муамер Гадафи беше убиен, а светот никогаш не дозна кој е неговиот убиец.

Моментално Иран врши голем притисок, пред се затоа што Американците стравуваат од нуклеарното оружје. Поранешниот американски таен агент и доајен на националната безбедност на САД, но и еден од штитениците на Родшилд, Хенри Кисинџер, неодамна го опиша Иран како голема закана за САД.

“Доколку Иран развие нуклеарно оружје или напредува во процесот на создавање на нуклеарно оружје, тоа самото по себе ќе значи нарушување на рамнотежата во регионот, без оглед на тоа колку сила ќе биде насочена кон Техеран. Тоа би значело дека Иран покажал непослушност кон Советот за безбедност и дека ја победил Америка во војната со закани”, објаснил Кисинџер.

Исто така, секојдневно може да се сретнат вести за Северна Кореја и нуклеарно оружје од кое што сите стравуваат. Од Пентагон во неколку наврати нагласиле дека Северна Кореја претставува се посериозна закана за САД поради развивањето на ракети со долг домет и нуклеарно оружје.

Куба исто така од неодамна е “трн во око” за САД, па така, помеѓу овие две држави притисоците се константни и несогласувањата не стивнуваат. Во поглед на Сирија пак, која што моментално е воена зона и каде ИСИС и остатокот на светот се борат за своја надмоќ во оваа земја богата со нафта, САД моментално ја разгледува можноста и за официјално објавување на војна со Исламската држава.

Родшилд, како најмоќни луѓе на оваа планета, повеќе од 200 години вршат големо влијание врз економската, а посредно и врз политичката историја и сегашност на Европа и светот.

 

Покрај банкарството, семејството Родшилд се занимава и со осигурување, индустрија, рударство, градежништво и голем број на други активности на сите континенти во светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi