
Како звучи кога ќе се обидете да ги надминете гласовните можности на Адел? Доста ентузијастички и храбро нели? Но не ако сте Арета Френклин.
72-годишната кралица на Soul музиката го воодушеви светот со својата изведба на хитот на Адел “Rolling in the Deep”, а нејзината верзија има и малку побрз ритам, кој ќе ве поттикне да станете од столче и да се размрдате.
Ова е убаво освежување на песната која освои Греми награда за песна на годината, албум на годината и најдобро кратко музичко видео во 2012-та година.
Арета Френклин ретко се појавува во јавноста по дијзагностицираните здраствени проблеми и морала да откаже неколку настапи во 2013-та година. Но нејзините обожаватели се воодушевени што повторно ќе можат да уживаат во нејзиниот моќен и импресивен глас со оглед на тоа дека наскоро ќе излезе и нејзиниот нов албум “Aretha Franklin Sings the Great Diva Classics”