Какви пријатели се хороскопските знаци?

popara4 март, 20141min00
6

Со Овните возбудата ви е гарантирана
Припадниците на овој знак се одлични пријатели бидејќи не се комплицирани, а се директни и искрени во изразување на емоциите. Иако можат да ги разберат другите, сепак Овните не се оние кои треба да ги барате кога ви е тешко, бидејќи тие се повеќе спремни за акција и нови потфати отколку да слушаат тажни приказни. Недостаток им е што се премногу себични, па затоа за пријател сакаат некој кој е самоуверен и самостоен како нив. Добро ќе се дружат со Стрелците.

Биковите се верни пријатели
Биковите се најлојални пријатели во Зодијакот. Нивни најголеми квалитети се тоа што имаат широка душа, заштитнички порив и верност, а во односите со пријателите се поставуваат како загрижени мајки. Одлично се согласуваат со Рибите кои ја скротуваат нивната тврдоглавост, а уживаат во друштво со Лавовите.

Близнаците се најдруштвени
Темпераментните Близнаци за себе ретко ќе кажат дека немаат пријатели, бидејќи тие не се задоволуваат со најдобар пријател, туку им требаат повеќе за да ги задоволат нивните друштвени потреби. Преферираат да се движат во широки друштвени кругови каде ги селектираат луѓето според нивните интереси. Така, тие имаат пријатели за кафе, за излегување, за помош кога ќе им затреба. Недостаток им е што мислат дека сите пријатели се заменливи и дека лесно се наоѓаат нови.

Раковите знаат да сочувствуваат
Емотивни, полни со разбирање и сочувство – тоа е најдобар опис за припадниците на овој знак. Најчесто се дружат со луѓе слични на себе, кои се еднакво емотивно топли и склони кон променливо расположение. Во потрага по пријател треба да запознаваат Риби и Скорпии со кои лесно ќе се разберат. Негативна особина е што постојано се умилкуваат и глумат за да им се допаднат на сите.

Лавот нема да ве остави на цедило
Припадниците на овој знак се многу ценети пријатели, но иако се движат во големи друштва, својата приватност ја делат само со неколкумина. Ако успеете да се зближите со Лавот, знајте дека тој ќе биде тука секогаш за вас. Тие имаат долгогодишни пријателства кои скоро никогаш не престануваат, а најдобри пријатели им се Лавовите, Овните и Скорпиите. Недостаток им е што знаат да манипулираат со другите.

Девиците бараат слични пријатели на нив
Припадниците на овој знак на прв поглед се резервирани и не влегуваат во длабоки меѓучовечки односи лесно. Во пријателството имаат слични критериуми како во љубовта. Бараат особини кои ги поседуваат и самите и кои ги привлекуваат. Не сакаат луѓе кои премногу бараат и кои се несигурни во себе, а бидејќи се ладни и рационални, лесно можат да предвидат со кој можат да бидат добри пријатели. Добро се согласува со Девици и Јарци, а недостаток им е што се љубоморни на туѓиот успех.

Вагите имаат еден верен пријател
Вагите се како пријатели одлични советници и добри дипломати, па пријателствата добро им одат од рака. Сепак, потполно се предаваат само на еден пријател на кого му се доверуваат. Добро се согласуваат со Близнаци и Водолии, бидејќи ги привлекува нивната опуштена природа. Недостаток им е што сакаат да го наметнат своето мислење на другите.

Скорпијата цени искреност
Скорпиите оставаат впечаток дека се ладни и рамнодушни, но тоа им е само заштитен оклоп,а оној кој сака да се дружи со нив, ќе мора да го пробије. Потребен е некој кој ќе знае да ги разбере и ќе биде искрен како што се тие самите. Најдобро се согласува со Риби и Лавови, а недостаток им е што се злопамтила и што враќаат ако некој им згреши.

Стрелците се полни со разбирање
Оптимистичката и друштвена природа на овој знак ги привлекува луѓето, па тие се постојано опкружени со многу луѓе. Најмногу ценат духовити, добронамерни и отворени луѓе. Мразат пасивно и агресивно однесување и од такви луѓе бегаат подалеку. Најдобро се согласуваат со други Стрелци и Близнаци, а недостаток им е што понекогаш избираат пријатели според нивната финансиска состојба.

Јарецот дава сè за пријателите
Нивна специфичност е што многу го ценат пријателството, а во блискиот круг на пријатели можат да влезат само оние кои се докажале како лојални и одговорни. Ги негуваат пријателствата од детството и спремни се да направат многу за своите пријатели. Негуваат и голем број на други попатни пријателства, но иако кон сите ќе бидат благо наклонети, ретко кого ќе пуштат да им се доближите. Најдобро се согласуваат со Лавовите, а недостаток им е што сакаат да ја ставаат на тест туѓата лојалност.

Водолиите се пријатели кои ги сакаат сите
Забавни, спонтани и полни со возбудувања. Водолиите сакаат пријатели кои ќе можат да го следат нивниот немирен дух. Тие се луѓе кои секој ги сака за пријател, бидејќи и самите се многу либерални и слободоумни и никого не осудуваат. Но, еднаквата наклонетост кон сите ги спречува да си најдат еден пријател кој би им бил вистински близок. Најдобро се согласуваат со Стрелците, а недостаток им е што лесно се дистанцираат и очекуваат другите да се трудат околу нив.

Рибите се најдобри за утеха
Рибите се подложни на мислењата од околината, но и покрај тоа се добри пријатели. Знаат да бидат одлично рамо за плачење и знаат да пружат утеха која и самите често ја бараат. Најдобро се согласуваат со луѓе кои се карактерно силни, стабилни и полни со поддршка, а одлична комуникација имаат со Биковите. Недостаток им е што ги занемаруваат пријателите кога ќе пронајдат партнер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *