
Чајен Рендал, уметник од Сиетл, своето слободно време го поминува претварајќи ги легендарните славни личности од минатото во луѓе кои можеби денес би биле токму такви, под влијанието на денешната модерна култура и животен стил.
Повеќето од нив Чајен ги гледа како истетовирани хипстери. На нејзиниот сајт можат да се видат истетовираните Мерлин Монро, Грејс Кели како и кралскиот пар на Велика Британија.
Од друга страна, тетоважите на Џеки Кенеди, Одри Хепберн и Грејс Кели се во склад со нивниот дамски имиџ.












