Ќерката на Жељко Јоксимовиќ: Провокативна убавица

popara10 февруари, 201418min00
4

Пејачот Жељко Јоксимовиќ од својот прв брак со Весна има 19 годишна ќерка, Мина која судејќи според се, израснала во вистинска убавица.

Мина Јоксимовиќ повеќето ја паметат како симпатично девојче со извонреден талент за музика, меѓутоа на голем дел од машката популација паметот им го свртеле нејзините провокативни фотографии поставени на социјалните мрежи.

“Јас сум горд татко на оваа прекрасна, полнолетна девојка. Татко си цел живот, а родителската улога е најважната што ја имаме во животот. Особено сум среќен затоа што Мина е многу талентирана и верувам дека со тек на време нејзиниот талент ќе излезе на површина. Често пати таа е мој советник, секогаш ја прашувам за мислење и го ценам она што ќе го каже. Секогаш ја учам да верува во себе и да ги почитува другите“ – изјавил Жељко на нејзиниот 18 роденден.

Жељко е во долгогодишна врска со водителката Јована Јанковиќ со која наскоро очекува бебе.

Foto: Facebook/Mina Joksimović

Foto: Facebook/Mina Joksimović

Foto: Facebook/Mina Joksimović