
Робин и Џош Блик со нетрпение ги броеле деновите за нивното бебе да се појави на бел свет. Меѓутоа, 20-та седмица од бременоста лекарите на идните родители им соопштиле страшна вест.
Им кажале дека нивното неродено дете боледува од ретко генетско пореметување и кога ќе се роди нема да живее подолго од еден ден. Сепак, тие одлучиле со своето првороденче додека можат да доживеат убави и незаборавни денови.
Робин и Џош сепак биле среќни затоа што добиле шанса барем да го запознаат своето синче…
Тој живеел вкупно 10 дена. Овие денови за родителите биле непроценливи…
Заобиколен со семејството и љубов, Зајон на 21 Јануари испуштил душа. Единствена утеха за овие родители е тоа што силно веруваат дека нивниот син сега е во Рајот со ангелите.
httpv://vimeo.com/85610547