Некои од најпознатите холивудски ѕвезди слават православен Божиќ. Некои се родени во православни семејства а други станале православни поради нивниот партнер.
Ким Кардашијан
Ѕвездата од реалното шоу е родена во Лос Анџелес, но по потекло е Ерменка. Она припаѓа на четвртата генерација иселеници од Ерменија, а нејзините предци живееле на територија каде денес се наоѓа Турција. Ѕвездата минатата година на својот Твитер профил го честиташе Божиќ на 7.Јануари
Наоми Кембел
Четириесет годишната убавица родена е во Лондон. Мајка и по потекло е од Jамајка, а татко и никогаш не го запознала. За време на врската со Владислав Дорињин Наоим стана верник на руската православна црква
Том Хенкс
Славниот глумец чиј татко е далечен потомок на Абрахам Линколн љубовта го натера да прејде во православната вера, Кога се ожени по втор пат со глумицата Рита Вилсон, глумецот одлучи да стане православен. Таткото на Рита е од Бугарија, додека мајка и е Гркинка со потекло од Албанија. „Мислам дека православието е моето духовно наследство. Се оженив во иста црква каде што мојата жена е крстена и во која се крстени нашите деца” рече Том.
Џејмс Белуши
Педесет годишниот Џејмс Адам Белуши роден е во Чикаго, а неговите родители се емигранти од едно албанско село кое се наоѓа во близина на границата со Грција. Џејмс е припадник на Албанска православна црква и е горд на своите корени. Инаку глумецот со својата фамилија за време на осумдесетите години ја посетуваше српската православна црква во Лос Анџелес.