Холифилд:Хомосексуалноста е болест и треба да се лечи!
„Ако си роден со искривена нога, идеш на доктор за да ти ја средат”изјави Холифилд
Некогашниот боксерски шампион Ивандер Холифилд зборуваше со манекенката Луиз во куќата на британскиот„ ВИП Голем Брат” кога изнесе неколку навредливи коментари на сметка на ЛГБТ лицата. „Ако си роден со искривена нога, одиш на доктор за да ти ја средат. Знаеш луѓето како се раѓаат и нешто не е во ред со нив, но со текот на времето тоа може да се излечи или поправи?” тој ја праша. Како заклучок на дијалогот рече „ Хомосексуалноста е избор и луѓето треба да пробаат тоа да го порават” .
Боксерот кој е познат по тоа что Мајк Тајсон на еден меч му го одгриза увото, набргу беше повикан во исповедувалната каде дополнително беше повикан за да биде предупреден за искажаните навреди. „разбирам дека некој може ова да го протолкува како навреда , но јас само го. искажувам моето мислење. Само зборувавме не пробував никого да убедам било што” рече тој.