Кои сервиси за комуникација се навистина безбедни?

17 ноември, 20140
4

Живееме во време кога веќе целата комуникација која што се одвива на интернет е следена на некаков начин од страна на владините агенции. Најмногу обвинувана паѓаат на американската NSA посебно откако Сноуден јавно преговори за нивните тајни.

Оправдувањата пак од друга страна велат дека следењето на комуникациите е потребата од откривање на криминални и терористички активности, меѓутоа се поставува прашањето дали за тоа е потребно да имаат пристап до сите корисници, а не само тие кои што се осомничени.

EFF – Electronic Frontier Foundation одлучи да направи споредба на безбедноста на онлајн сервисите кои денеска ги користиме за комуникација.  Во истражувањето учествуваа над 39 апликации кои што се оценувани врз основа на следните 7 критериуми: Енкрипција на комуникацијата во транзит, енкрипција за да комуникацијата не може да биде прочитана од интернет провајдерот, можност за верификација на идентитетот на контактите, безбедност на старите разговори во случај на крадење на клучевите за енкрипција, отвореност на кодот за независна проверка, документираност на безбедносните мерки и дали е извршена ревизија на кодот.

app-com0

Најдобро рангирани на табелата се ChatSecure, CryptoCat, Signal/Redphone, Silent Phone, Silent Text и TextSecure а она што е интересно е што може да се види дека апликациите кои што имаат најмногу од овие критериуми, не се од тие кои што масовно се користат. Од масовно користените најдобри оценки имаат FaceTime и iMessage од Apple. Facebook Chat, Google Hangouts, Viber и WhatsApp.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş