Кој е човекот за кого се претпоставува дека може да ја загрози позицијата на Владимир Путин?

29 декември, 20140
5
Аналитичарите велат дека станува збор за харизматична личност која е соодветна за сега веќе оформениот политички руски идентитет.

Имено, по распаѓањето на СССР, на политичката сцена на Русија не се појавила личност која што би претставувала сериозна конкуренција или пак дури и алтернатива на претседателот на владејачката елита.

Така, ниту Елцин, ниту Путин никогаш не беа сериозно исплашени од конкуренција, освен неколку малу бунтовници во Кремљ. Така, ниту сегашниот лидер Владимир Путин досега немаше од што да се исплаши затоа што “златната кремљска опозиција” никогаш досега сериозно не го загрозила неговиот опстанок на политичката сцена.


Закана за Путин не беа ниту Борис Њемцов, Михаил Касјанов и Анатолиј Чубајс, ниту сите оние кои што најчесто се самопрогласуваа за наследници на Путин. Сепак, изгледа дека рускиот политички пејзаж се појавила необична фигура за која претстојните претседателски избори во Русија, закажани за во 2018 година, може да ги направи крајно неизвесни.

Тој потенцијален и посакуван наследник на Путин го нарекуваат Алексеј Наваљни. Тој веќе го најавил своето доаѓање, иако, нагласил дека промената на режимот во Русија нема да се случи на избори, со што дополнително ја вознемирил и онака неспокојната Русија.

Наваљни е млад и амбициозен политичар кој по цели 15 години од владеењето на Путин успеал да се наметне како некој за кого се претпоставува дека може барем да се обиде да ја загрози позицијата на Владимир Путин.


“Тој конечно е светлото на крајот од тунелот”, изјавил Станислав Белковски, еден од водечките руски политиколози и автор на познати книги за Владимир Путин. Наваљни е човек кој одговара на рускиот политички идентитет кој се воспоставил во транзициските времиња на постсоветската Русија.

Според тврдењата на оние кои го познаваат, тој е идеална харизматична личност која одговара на најшироките слоеви на руското општество. Има 39 години, “аријевски изглед и руса коса”, што значи дека е Русин со чиста крв. Алексеј е образован правник, а својата диплома ја добил на престижниот Универзитет Јејл, а син е и на офицерот Анатолиј од советската армија.


Добар, лош, злобен

Коментирајќи го ликот на Алексеј, Белковски вели дека тој е многу амбициозен и симпатичен, но и доволно циничен, односно маж кој одговара на руските критериуми: татко на две деца, маж со пороци, меѓутоа не е човек кој се опива, пцуе и се тепа. Тој, како во насловот на неговиот омилен филм од Серхио Леоне, е “Добар лош, злобен!”.

Во политичка смисла е западно ориентиран, но се уште е доволно голем Русин за да не може да им се поклони на странците. Имено, токму тоа се очекува од него: Русија “да ја претвори” во демократска национална држава од западноевропски тип, да стави крај на нејзиниот провинцијален конзервативен изолационизам и да стекне голема позиција во Европа.


Сепак, за да успее Алексеј во оваа своја намера, Западот мора да ја прифати Русија како еднаква на себе и источна голема земја.

Иако понекогаш владее поинаква перцепција, Станислав Белковски истакнал дека економската елита, односно олигарсите на Русија би го прифатиле Алексеј затоа што и тие сакаат да се позиционираат себе си на Западот, како и нивните наследници, кои претежно ги образуваат во најпрестижните англиски, американски, француски и германски универзитети.

Со оглед на тоа што сето ова требаше Путин да го овозможи, но тој сега се соочува со санкции и исклучување од “современиот свет”, шансите на Алексеј се зголемуваат.


И тој го сака Крим

Сепак, Наваљни не е политичар кој својот подем го гради врз критикувањето на Путин, придружувајќи се кон западните приговори за сегашниот претседател. Напротив, преку најпознатата руска станица истакнал дека Крим е руски дел и така и ќе остане. Но, истовремено ја повикал Белата куќа да ги зголеми санкциите против дел од блиските соработници на Путин и политичари од Кремљ.

Дел од руските политиколози ваквата изјава не ја сметаат за обид за освојување на гласови, туку за негов личен став. Сепак, со оглед на тоа што е прагматичен политичар, во врска со Крим Алексеј би постапил онака како што од него би побарал моментот на одлучување.


Голем дел од руските либерали најмногу му забележувале дека тој е националист. Алексеј понекогаш учествува во Рускиот марш на најразлични патриотски партии. Политикологот Михаил Дељагин го споредил Алексеј со Борис Елцин во неговите најдобри денови, кога со својата храброст успеал да се спротивстави на нео-комунистичкиот државен удар во август 1991 година, кога се качил на тенк и со својот говор ја освоил Армијата на демократски начин.

Сепак, многу експерти велат дека доаѓањето на Алексеј на руската политичка сцена би го означило и воведувањето на либералната диктатура, а доколку Путин не успее да го оттргне од власта на ист начин како што тоа го направил со некогашниот нафтен могул Михаил Ходоровски, Алексеј ги има сите можности за да дојде на власт.

Наваљни одлично ја гради својата политичка кариера. Според социолошките истражувања, во 2011 година за него знаеле само 6% од жителите, но сега, три години подоцна, Алексеј е општо позната политика личност на руската сцена.


Според неодамнешните истражувања, за него на претседателските избори во моментов би гласале 15% од Русите, а според извештајот на неговото Антикорупциско здружение, кое што важи за барометар на корупцијата во Русија и ги разоткрива корупциските скандали помеѓу политичката елита, за него би гласале 70% од гласачите.

Гласачкото тело на Алексеј е јасно профилирано. Станува збор за урбани, млади и образувани гласачи од големите градови, односно средниот слој кој што најсилно го почувствува ударот од американско-европските санкции.

Покрај тоа, тој е речиси месијански успеал за само неколку месеци во 2010 година на протестите да собере, од неколку илјадници до 200.000 незадоволни граѓани од владеењето на Путин и на тој начин за првпат да го исплаши Кремљ со своите повици “Путин, оди си!”.


Моментално, Наваљни е во домашен притвор со електронска алка на глуждот. Во овие околности тој се бори со правосудството на Путин, смислува начин како да стигне до Кремљ, а во домашна атмосфера ја слуша својата омилена “Rage Against the Machine”, уживајќи во гледањето на стари советски филмови.

Малверзации

Алексеј е осуден на затворска казна поради малверзации во дрвопреработувачката фабрика “Kirovles”, каде што работел како правник, меѓутоа бил отпуштен непосредно пред изборите во Москва. Добро упатените велат дека тоа се случило по лично барање на Владимир Путин, кој ги сослушал молбите на “својот” кандидат Сергеј Собјањин, кој сакал да ја потврди својата изборна победа на градоначалничките избори во конкуренција со достоен противник.

Наваљни добил повеќе од солидни 27% од гласовите. Сега пак, на Алексеј и неговиот брат Олег им се заканува повеќегодишна казна поради малверзации во работењето на руското претставништво на познатата француска компанија “Yves Rocher”, иако и двајцата ги отфрлаат обвиненијата.


Токму од ова зависи и политичката судбина на Наваљни – дали Путин уште еднаш ќе посегне по драстичен чекор за ослободување од свој сериозен противник надвор од бастионот на руската политичка моќ, каков што беше случајот со Михаил Ходоровски.

Во последното свое излагање, Алексеј заклучил дека главната препрека за промените во Русија не е Путин, туку фактот што “многу обични Руси не веруваат дека Русија има иднина”.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *