Кој го изградил кинескиот ѕид и зошто?

2 декември, 20140
Кој го изградил кинескиот ѕид и зошто?
Кинески Ѕид всушност претставува серија од камени и земјени утврдувања во Кина градени, преградувани и одржувани помеѓу 5-тиот век п.н.е. и 16-тиот век, чија основна цел била заштита на северните граници на Кинескато царство за време на владеењето на последователните династии.

Кинескиот ѕид е всушност и најголемата градба на светот. Се протега од средна Азија па се’ до Жолто Море чија должина изнесува речиси 3.000 километра, а височина од 10 до 16 метра со просечна широчина од 8 метра. Овој ѕид претставува и најдолгиот ѕид на светот и најголем одбранбен објект.

Почетокот на изградбата на Кинескиот ѕид се поврзува со царот Чин Шихуанг кој неговото градење го започнал се со цел да се одбрани од варварските племиња – номади. Граден е од земја, камења и цигли а неговата градба траела се’ до 17-тиот век.


Кинескиот Ѕид денес

Во денешно време, Кинескиот Ѕид претставува најголема туристичка атракција во Кина и една од најголемите во светот. Според посетеноста од туристи се наоѓа на убедливо прво место.

Со основањето на Народна Република Кина биле преземени мерки за заштита на ѕидот. Тој бил ставен под заштита на државата во 1961-вата година. Работите на неговата обнова биле најобемни во Ба-да-линг, а во 1987 година е внесен во списокот на културни богатства на Унеско. Кинескиот Ѕид е еден од најстарите и секако, тој е најдолгиот објект изграден од човекот. Неговата должина изнесува повеќе од 6.400 километра од исток до Лоп Нур на запад. На 7-ми јули во 2007-мата гoдина Кинескиот ѕид беше прогласен за едно од новите седум светски чуда.


Легенда

Ако некогаш сте се запрашале како и зошто настанала оваа најголема градба на светот, прочитајте нешто повеќе за легендата за човечкото страдање.

Моќниот цар Ши Хуанг Ти околу 221-вата година пред нашата ера соединил различни делови од Кина. Меѓутоа, тој сметал дека на него и на неговото царство им се заканува опасност од северните пустини во кои живееле варварски племиња на номади. Поради тие причини, царот наредил да се изгради ѕид кој ќе го штити токму неговиот народ. Никој не ни претчувствувал дека токму овој ѕид ќе биде облиен во крв, пот и солзи од работниците и семејствата кои своите ближни ги изгубиле токму на ова место.

Иако изградбата на овој ѕид претставувало голем проект, првично тој бил завршен за само 15 години, но подоцна во текот на годините градбата се менувала, доградувала, делумно се рушела, но и покрај сето тоа, таа е се’ уште на своето место. Тоа значи дека ѕидот бил граден и доградуван илјадници години, но тој сепак не ја завршувал својата функција, па номадите константно минувале низ оштетените делови.

Сепак, овој ѕид имал и уште една улога, а тоа е дека тој претставувал граница помеѓу две различни култури, како и граница помеѓу номадскиот и земјоделскиот начин на живеење.

 

За да се покаже колку всушност било тешко да се изгради едно вакво здание, настанала и легендата која се врзува за ѕидот. Всушност, кога сопругот, на една од жените, кој учествувал во изградбата на ѕидот една ноќ не се вратил во својот дом сопругата тргнала да го бара.

Кога конечно стигнала, таа дознала дека тој починал од исцрпеност и дека неговите остатоци веќе биле соѕидани во самата градба. Она што ја чини оваа приказна уште помистериозна е делот кога нејзините солзи натопуваат дел од ѕидот и таа заминува во потрага по неговите остатоци.

https://www.youtube.com/watch?v=dgJn1Cr7hmQ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi