Еве како ги граделе пирамидите: Нема да поверувате колку е едноставно!

2 декември, 20140
19
Науката веќе долго време трага по одговорот на ова прашање, поради кое многу наивци веруваат во вонземјанското потекло на овие градби.

Но, вистината е далеку поимпресивна и ни покажува колку всушност луѓето од дамнешните времиња биле навистина генијални.

Големата пирамида во Гиза (Кеопсовата пирамида) е последно од седумте чуда на античкиот свет. Овој 4.500 години стар споменик, е всушност гробница на кралот на четвртата египетска династија, Куфу (на грчки Кеопс), која е изградена од 2.4 милиони варовнички камени блокови од кои секој тежи околу 2.5 тона. Овој споменик се градел во период од 20 години.

Денес се’ уште се дебатира околу тоа како всушност старите Египќани успеале да ги пренесат сите тие огромни камења од каменоломот до модерниот Каиро.


Научниците имаат неколку идеи, но една од нив станува се’ повеќе прифатена како што времето одминува: тие дефинитивно ги тркалале по патот.

Всушност, ова е нова идеја која претставува верзија на една стара идеја која вели дека древните градежни работници ги сместувале блоковите во цилиндри кои потоа ги тркалале по патот, но постои една сериозна маана кај оваа хипотеза, а тоа е фактот дека така би дошло до големи штети на самите патишта, за што и не постојат никакви археолошки докази.

Ако се земе предвид дека работниците преместувале и до 40 блокови дневно, тогаш штетата би била навистина огромна и би била потребна незапомнета инженерска логистика за сето тоа да се поправи на време за новата тура која би требала веднаш да тргне кон градилиштето.

Еден физичар од Универзитетот во Индијана, Џозеф Вест, неодамна објави студија во која предлага сосема поинаков пристап кој значајно би го намалил притисокот на земјиштето, а истовремено би овозможил и полесен транспорт.


Идејата е неверојатно едноставна: Египќаните околу камените блокови врзувале дрвени стапови и така ги претворале во дванаесетаголници. Потоа ги туркале до самото градилиште.

Вест и неговата екипа ја тестирале нивната идеја со помош на бетонски блок тежок 30 килограми и заклучиле дека е потребна сила од 0.15 пати од тежината на каменот за да се помести. Па така, 50 работоспособни луѓе, камен со тежина од 2.5 тона би го поместувале за половина метро во секунда.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi