
Овен
Најизразена позитивна особина кај Овенот е неговата храброст која го тера секогаш да го искористи животот до максимум, што често дава фантастични резултати, додека неговата нетрпеливост и импулсивност понекогаш скапо го чинат, бидејќи не може сè во животот да добие сега и веднаш.
Бик
За разлика од Овенот, Бикот го краси огромна трпеливост, по што е многу познат. Тој никогаш не се откажува од својата цел, дури и кога така изгледа. Најлоша особина на Бикот е тврдоглавоста, која често го тера да работи против себе, но и против другите.
Близнаци
Синоним за Близнаците е интелигенцијата и снаодливоста, тие често се сјајни математичари со изразена логика и со леснотија можат да најдат решение на скоро секој проблем. Сепак, ретко кој има доверба во еден Близнак, бидејќи тие се познати по превртливоста, но и толку често менуваат мислење, поради што околината има чувство дека се недоследни на самите себеси.
Рак
Раковите се многу грижливи, и скоро за секого имаат топол збор и добар совет, поради што многу се обожавани од околината. Но, колку што се грижливи, толку се и пречувствителни, тие можат да се навредат дури и од нечиј добронамерен коментар или конструктивна критика, додека злобните зборови можат да ги „убијат“.
Лав
Најпозитивната особина на Лавот е великодушноста и доброто срце, тие несебично даруваат сè што можат на тие кои имаат потреба. Сепак, негативно кај овој знак е изразената суета, поради што брзо и лесно се лутат и си создаваат непотребни проблеми.
Девица
Девиците се многу внимателни и педантни личности на кои може да им се довери секоја задача. Сепак, негативно кај нив е склоноста за критикување, поради што понекогаш ги прави невозможни за соработка.
Вага
Најпозитивна особина кај Вагата е пристапноста и дружељубивоста, поради кои скоро секогаш се истакнуваат во друштвото и се меѓу омилените. Но, од друга страна, тие често се и лицемерни, бидејќи сакаат со сите да се во добри односи, а тоа ги прави и недоверливи личности.
Шкорпија
Шкорпиите ги краси една прекрасна особина, а тоа е преданоста, поради што ако ја имате Шкорпијата на своја страна, може да сте мирни бидејќи таа никогаш нема да ве изневери. Сепак, ако им згрешите нешто, очекувајте одмазда, бидејќи Шкорпијата е одмаздољубива и ништо кај неа не поминува без израмнети сметки.
Стрелец
Овој знак е најпознат по оптимизмот, па доколку имате нова идеја или пак ви треба нечија поддршка, слободно обратете се кај Стрелецот. Од друга страна, пак, колку лесно што може да се заинтересира за нешто, толку брзо може да го загуби интересот, поради што е многу нестабилен.
Јарец
Јарецот е вистински синоним за упорност и за личност која до успехот стигнала со многу труд и одрекување. Сепак, тие често се емоционално ладни, поради што често имаат проблеми со пријателите и партнерите.
Водолија
Водолиите се многу либерални личности и тешко дека меѓу нив ќе пронајдете некој кој е полн со предрасуди. Од друга страна, пак, најголемата маана на овој знак е потребата во сè да бидат оригинални и единствени, што не е секогаш позитивно, бидејќи понекогаш премногу се трудат да остават добар впечаток, што може да создаде спротивен ефект.
Риби
Најпозитивна особина на овој знак е сочувствителноста. Ниту еден знак не поседува толкава доза на емпатија како Рибите, што ги прави исклучително пожелни пријатели и партнери. Најнегативна особина кај Рибите е честата потреба за бегство од суровата и ладна реалност, поради што може да изгубат контакт со надворешниот свет, да ги повредат луѓето кои ги сакаат, па дури и да се навлечат на разни пороци.