Како да го уредиме домот за да ни донесе љубов, здравје и пари?

popara15 февруари, 201418min00
28

Оваа година според кинескиот хороскоп, е година на дрвениот зелен коњ, а истата започна на 31-ви јануари, а ќе заврши на 18-ти февруари 2015-та година. За да во неа полесно „привлечете“ љубов, пари, здравје и просперитет, уредете го домот според древните кинески начини.

Бидејќи станува збор за дрвен коњ, експертите за фенг шуи препорачуваат дрвени површини и употреба на природни материјали. Мебелот и декоративните елементи од дрво го привлекуваат богатството. Домот ќе изгледа потопло и поугодно, и ќе има нова енергија доколку го збогатите со зелена боја.

Пастелните нијанси се добри за нов почеток, живите бои за брз напредок, додека темните се за привршување на некоја работа, односно нејзин крај. Доволно е и собно растение кое ќе ја привлече среќата во животот и природата во домот. Комбинацијата од зелено и кафено прави просторијата да изгледа избалансирано и топло. Таа го отстранува стресот и нервозата и дава чувство на безбедност и удобност.

Виолетовата боја е една од најатрактивните бои за уредување на ентериерот оваа година, а во комбинација со зелената боја, донесува богатство и здравје. Златните, жолтите и портокаловите нијанси кога ќе ги комбинирате со светлите и темни виолетови бои, како и со црната, внесуваа чувство на елеганција и модерен амбиент.

Кафената боја е добра како за ѕидовите и подовите, така и за мебелот, осветлувањето, декоративните перничиња, завесите, итн. Најпопуларни се мока, беж и сите други нијанси со нота на дрво. Тие одлично се вклопуваат и со бел ентериер, како и со сините тонови, т.е. најсветлите тиркизни бои.

Дрвените нијанси е пожелно да ги има во секоја соба, започнувајќи од кујната па сè до купатилото. Последниот ден од овој месец збогатете го вашиот дом со дрвени фигури, или со ново кафено столче или килим, и надевајте се на успешна година.