
Како што пренесува Daily Mail, Брејвик доставил листа со 12 барања до затворот Скиен каде што е сместен, кои ако не му бидат остварени ќе започне штрајк со глад.
Брејвик побарал подобри услови во поглед на дневните активности како што е прошетката и можност да комуницира послободно со надворешниот свет. Исто така, тој побарал стариот PlayStation 2, да му го заменат со PlayStation 3 со тоа што ќе му обезбедат и нови игри кои сам ќе си ги одбере.
Исто така, тој бара двојно поголем износ за неделен џепарлак кој сега изнесува 36 евра.