Крцкав печен помфрит со пармезан

9 октомври, 20140
13

Потребни состојки:

– 6 црвени компири
– 2 лажици маслиново масло
– 1/2 лажичка оригано
– 1/2 лажичка мајчина душичка
– 4 лажици пармезан
– сол и црн пипер

Начин на подготовка:

1. Рерната се загрева на 220 степени.
2. Компирите убаво се мијат и се сечат на 5-6 кругови.
3. Од секој круг исечете по 3-4 ленти.
4. Ставете ги сите исечени компири во еден сад и ставете 2 лажици маслиново масло. Потоа промешајте ги така што на сите да има по малку масло.
5. Земете 1/2 лажичка оригано и 1/2 лажичка мајчина душичка и триејќи ги низ прстите ставете ги во садот со компирите.
6. Додадете малку сол и црн пипер, а потоа ставете 4 лажици пармезан.
7. Мешајте сè додека секој компир не биде покриен со смесата.
8. На површината на тавата во која ќе се печат компирите ставете хартија за готвење и попрскајте ја со малку зејтин. Потоа ставете ги компирите.
9. Печете 20 минути, при тоа 2 или 3 пати промешувајќи ги компирите. Кога ќе станат крцкави од надвор, спремни се за јадење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi