W ресорт на Малдивите
9 октомври, 20140
Брендот „W“ многу брзо се разви во еден од најлуксузните хотели во светот. Нивниот комплекс на Малдивите е рај којшто можете да го добиете за „разумна“ цена од 568 долари за човек од вечер. Најскапата варијанта е 2.236 долари.
Комплексот постои од 2006 година, а до него се стигнува со хидроплан којшто полетува од главниот аеродром на Малдивите. Хотелот е осамен на осторовот Фесду и на него гостите имаат комплетна приватност и се вистински изолирани од останатиот свет.
Покрај стандардните соби со поглед на морето, на располагање се и спа центарот, барот, ресторанот што служи храна 24 часа дневно, салон за масажа, продавница за сувенири, театар и уште мал милион други погодности коишто вработените ќе ви ги овозможат доколу ги побарате.
За ова, вреди да се живее.