Ауди го претстави концептот Nanuk quattro crossover

9 октомври, 20140
12

Атрактивниот двосед има погон од 5.0-литрен би-турбо V10 TDI мотор од 544 КС кој развива дури 1000 Nm обвртен момент, а исто така има вклучен унапреден 7-брзински S tronic менувач.

Возилото со своите 1900 килограми убрзува до 100 km/h за 3.8 секунди и постигнува максимална брзина од 305 километри на час. И покрај големата тежина, Ауди тврдат дека троши само 7.8 литри на 100 километри благодарение на новата пумпа во составот за термално управување.

Концептот користи масивни, 22 инчни бандаши, под кои се кријат моќните кочници од керамика и јаглеродни влакна. Опремен е и со електронски контролирани амортизери кои овозможуваат возачот да го спушти подвозјето за 30мм или да го подигне за 40мм.

Автомобилот е долг 4541 mm, широко 1990 mm и високо 1337 mm со меѓуосовинско растојание од 2710 mm. Каросеријата воглавно е изработена од алуминиум, а вградени се и делови од пластика појачана со јаглеродни влакна. Занимливо е да се спомне дека автомобилот е опремен со интегрален управувачки систем кој при мали брзини ги завртува задните тркала до 9 степени во спротивен правец од предните, додека на големи брзини, ги завртува во ист правец.

audi-nanuk

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi