
Силиконската кралица Тијана изгледа ги извадила силиконите токму поради својата нова љубов Кристијан Голубовиќ. Контоверзниот лик признал дека Тијана му изјавила љубов, и дека секојдневно му испраќа пораки.
Тијана ја запознав преку една моја другарка, од која Тијана барала да не запознае. Излегов на пијачка со неа, а таа уште на првиот состанок ми изјави љубов. После неколку дена ми подари куче од расата Кане Корсо.
Голубовиќ додава дека Тијана секојдневно се обидува да стапи во контакт со него и бара повторно да се видат, но дека тој не сака да биде во врска со неа, бидејќи е вештачка.
Девојката е емотивна, знае да сака, но со силиконите направила голема грешка – искрен е Кристијан.
