Зошто оптимистите поминуваат подобро во животот?

popara26 март, 20141min00
6

Позитивното размислување навистина овозможува остварување на она што на другите им изгледа невозможно, добрата “мантра” на мозокот делува како хипноза, велат научниците од универзитетот Викторија во Нов Зеланд. Луѓето кои очекуваат да им се случат добри работи полесно ги преминуваат препреките, сите мисли и дејства ги насочуваат кон остварувањe на таа цел, што навистина помага тоа и да се случи. Тоа значи дека сами себе си се програмираме за успех.

Иако оптимистичките погледи немаат магичен ефект, тие на нас делуваат посилно отколку што се мисли и силно влијаат на промените на однесувањето и остварувањето на целите, објаснуваат истражувачите.

“Ако некој е срамежлив и мисли дека чаша вино ќе му помогне да се опушти на некоја забава полна со непознати луѓе, таа чаша вино навистина ќе ги намали неговите инхибиции и ќе го опушти. Во овој случај, поголема заслуга за опуштањето има тоа што човекот очекува да се случи и оваа идеја во неговата глава, а не самата чаша вино”, вели  психологот Meриeн Гари.

Човечкиот ум има подготвени реакции на одредени случувања, ако позитивно размислувате за некој посакуван исход така ќе ги приспособите своите реакции, што на крајот ќе доведе до исполнување на целта. Што е најважно, истиот ефект го имаат и ненамерните сугестии, па бидете внимателни што им порачувате на другите.

“Aко успееме моќта на позитивна сугестија да ја искористиме во терапијата кај луѓето, ќе можеме да ги подобриме нивните животи и да ги направиме посреќни”, вели доктор Роберт Мајкл.