За време на снимањето на една група бабуни, Еван и Лиса биле сведоци на неверојатна глетка…
Лавицата успеала да улови еден од бабуните, за кого набрзо се испоставило дека е женка со бебенце. Додека го убивала својот плен, лавицата не забележала дека за мајката било закачено бебенцето бабун.
Откако ја убила женката бабун, лавицата дури тогаш го забележала нејзиното бебенце. Иако фотографите сметале дека лавицата ќе го убие и изеде бебенцето бабун, се случило нешто необично…
Лавицата внимателно го фатила бебенцето со уста и го префрлила на безбедно место. Малиот бабун набрзо се прилагодил на нежната прегратка на лавицата, а неколку пати дури се обидел да цица млеко од кралицата мајка.
За тоа колку лавицата се грижела за малечкото сведочи и фактот дека во неколку наврати таа го заштитувала младенчето од нападите на припадниците на нејзиниот чопор.
А потоа после извесно време се случило она најинтересното. Таткото на бабунчето го искористил моментот на невнимание на лавицата и успеал да го украде своето дете од прегратките на лавицата…
Што да се каже…Будењето на мајчинскиот инстикт и бескрајната љубов на родителот секогаш не изненадува…
One comment
Mihailo
26 јануари, 2015 at 01:51
Pocituvani, copor e srbizam, grupa, glutnica, druzina, surija se cisto makedosnki zborovi