Во филмот “Волкот од Волстрит“ Леонардо ди Каприо ја толкува главната улога и вели дека ова е еден од ретките филмови каде дал се од себе. Другиот е “Авијатичар“.
Филмот кој за многу кратко време ги наполна кината ширум светот, снимен е според автобиографијата на Џордан Белфорт, човекот кој дневно трошел по 1 000 000 долари.
Секако Леонардо маестрално го претставил Белфорт, контроверзниот брокер од Њујорк и критичарите конечно предвидуваат прв Оскар за главна машка улога.
За тоа дека се во право критичарите, докажува и реакцијата на огромниот број обожавателки кои го чекале Лео да помине на црвениот тепих на премиерата во Лондон со солзи во очите.
httpv://www.youtube.com/watch?v=IWpm1z6_CnQ