Леонардо ди Каприо: Голема бела ајкула за малку ќе ме растргнеше!

popara8 јануари, 201417min00
15

Леонардо ди Каприо во шоуто “Елен“ раскажува како за малку, за време на снимањето на филмот “Крвавиот дијамант“ , една огромна бела ајкула ќе го парчосала.

“Цел живот имам фобија од ајкули, па можете да претпоставите како се чувствував кога за време на снимањето се најдов во кафез заедно со огромна бела ајкула. Беше совршено и ужасно истовремено“, изјавил Лео.

Ајкуалата успеала да ја скрши вратата на кафезот каде биле поставени мамки, па така била до половина внатре во кафезот и половина надвор.

“Никогаш повеќе не би го повторил тоа. Речиси се угушив од страв, почнав да голтам вода, малку фалеше да ме растргне, но сепак се заврши добро“, додава Лео.

httpv://www.youtube.com/watch?v=wB1HHGyAyU8