
Прв пат му поставиле дијагноза во 2008 година. Дијагнозата била страшна – неуробластома болест за која нема лек.
Рис е 11 годишно момче кое голем дел од животот го поминало во постела борејќи се со карциномот и овие денови на својот блог објавил како тој и неговото семејство одлучиле дека нема повеќе да го измачуваат со понатамошни медицински третмани со цел да му се продолжи животот.
Во 2012 година лекарите откриле метастази на бубрезите – и овој пат прогнозата била: неизлечливо, овој карцином убива.
Карциномот подоцна се проширил и на коските, белите дробови, црниот дроб.
Иако има само 11 години Рис веќе почнал да се подготвува за умирање.
На својот Фејсбук профил напишал пост “Почеток на крајот“.
“После последните анализи лекарите ме испратија дома да се одморам и да размислам за две опции:
Можам да одам на уште еден третман со хемотерапија, но ова значи дека буквално ќе живеам во болница и дека ќе се соочувам со бројни нус појави – но тоа не значи дека долго ќе живеам.
Другата опција е да престанам со третмани, да останам дома и да оставам природата да си го направи своето. Ова второто значи дека ќе умрам малку порано.
Мојата мајка последниве неколку години се надеваше дека во моментот кога повеќе нема да можам, ќе има доволно храброст да каже: Доволно е!
После многу разговори, заклучи дека и овој пат, како и секогаш, мора прво да мисли на мене: Тоа значи дека ќе ме пушти да одам…
Да ги стави своите емоции пред моите, не би ме пуштила…“

