
Еден ден таткото одлучил да отиде со синот во прошетка, а кога видел за што се работи бил крајно изненаден.
Таткото на момчето од Филипини станал љубопитен каде секојдневно оди неговиот син кога ќе кажел дека оди да се прошета. Последните две седмици кога детето ќе тргнело во прошетка со себе носело и храна.
Еден ден таткото одлучил да го следи, а кога видел за што се работи, многу се изненадил. Всушност момчето се грижело за група бездомни и болни кучиња. Момчето признало дека секојдневно доаѓа на истото место да ги нахрани и да им даде водичка на кучињата, а тие го чекале како договорени. Повеќето од кучињата биле болни и не можеле сами да бараат храна.
Срам ми е да кажам дека најпрво почувствував гадење, кучињата изгледаа страшно, но мојот син сосема го смени мојот поглед на сето тоа – раскажува таткото. Претпоставувам дека малечкиот ги нема моите предрасуди и параноја. Ме воодушеви кога видов како кучињата едно по едно подаваат рака да го поздрават мојот син. Тој за нив е херој – додава гордиот татко кој сега му помага на својот син со цел да им помогнат на овие болни кучиња и да ги спасат од сигурна смрт.




