Познатиот британски модел Алиша Дувал, која беше зависник од пластичната хирургија, ја отвори својата душа на медиумите и раскажа зошто таа се обидела да изврши самоубиство.
Верувале или не , Алиша до сега имала 350 естетски операции. Во моментот кога ја оставил партнерот, кој ја издржувал, Алисија била очајна и паднала во долгови .
Иако беше без пари таа не можеше да запре со естетските корекции, па на крајот сфаќа дека должи 40.000 долари.
Поранешната девојка на Симон Ковел и Мики Рурк сакаше да го прекине својот живот за да им обезбеди подобар живот на своите ќерки со нивните татковци .
На својата осумнаесет годишна ќерка и пишува писмо во кое се простува од неа, додека на две годишната Папаји и остава доволно храна и вода , додека не ја пронајдат.
Верував дека моите деца ќе имаат подобра иднина. Јас навистина не гледав излез од ситуацијата во која бев. Отидов до супермаркет , ја купив најевтината вотка и испив полна кутија со апчиња. Ги пиев, а мојата ќерка го гледаше тоа “, рече Алиша .
Сепак, по 13 часови спиење, се разбудила и сфатила што можела да си направи. Потоа побарала помош и почнала да живее здрав живот. Првиот чекор беше да направи пластишна операција , овој пат најдрастична. која ќе го врати природниот изглед на нејзиното лице.
Не помина долго време, и сосема случајно запознава еден милионер кој и помога да излезе од финансиската криза и да почне своја козметичка линија.