Пролетните нокти се кратки или со средна должина, обоени пред се во нежни пастелни бои,
но секако тука се и потемните нијанси како црната и црвената – бои кои се сметаат за вечна класика.
Доколку ја изберете црната или црвената, тогаш нека бидат во комбинација со кратки нокти.
Минт бојата, бебешко сината и бебешко розовата се трите основни бои за оваа пролет.
Од декорации најактуелни се пругите, но овој пат само една или две линии на ноктите.
Цветниот дезен и црно белата комбинација се исто така многу актуелни.
Погледнете какви нокти беа забележани на модните писти за оваа сезона: