Со помош на оваа домашна маска ќе ги исчистите порите од насобраната нечистотија во нив. Се подготвува од природни состојки кои се лесно достапни.
Потребни состојки:
½ лажичка желатин
1 супена лажица млеко (вода)
½ таблета активен јаглен
Подготовка:
Таблетата јаглен треба да се иситни и да се соедини со желатинот па да се додаде малку млеко. Убаво промешано треба кратко да се загрее на пареа и да се нанесе со тврда четка на претходно пареното лице. (Порите треба да бидат отворени, најдобро со чај од камилица).
Кога ќе се исуши маската по околу 20-тина минути, се отстранува маската во едно парче.