Марк Зукеберг лут поради злоупотребувањето и шпиунирањето на Facebook!

popara14 март, 20141min00
Facebook Holds Its Fourth f8 Developer Conference

Едвард Сноуден тврди дека NSA ги измамила корисниците да мислат дека имаат пристап на својот Facebook профил.

Всушност, NSA на тој начин добила пристап до нивните компјутерски податоци извлекувајќи информации од нивните компјутери, пишува Business Insider.

Марк Закерберг објави статус на Facebook во кој ја повикува владата на САД поради овие потези.

„Интернетот е наше заедничко место кое ни помага да се поврземе. За да биде силен, мораме да го направиме интернетот безбедно место. Затоа сум збунет и фрустриран од извештаите на владата на САД. Кога нашите инженери работат на безбедноста ние ве штитиме од криминалци, а не од нашата влада. Владата треба да се бори за интернетот, а не да биде закана за него”, напишал Закерберг.

„Му се јавив на претседателот Обама и го изразив моето мислење поради целата ситуација која влијае на нашата иднина”, додал тој.