
За разлика од официјалните извештаи, во извештајот објавен од порталот SOFREP се тврди дека американските специјалци испукале повеќе од 100 куршуми во веќе мртвото тело на поранешниот лидер на Ал Каеда.
Мет Бисонет, член на Тимот 6 на SEAL, кој го извршил нападот на куќата на Ладен во Пакистан, во својата книга „No Easy Day” пишува дека тој заедно со неговите соборци испукале повеќе куршуми во бин Ладен за да се уверат дека е навистина мртов. Но, SOFREP тврди дека вистината е посурова.
Нивните извори тврдат дека специјалците се менувале додека пукале во телото на Осама бин Ладен.
„Кога сè беше готово, според најконтроверзната процена, во неговото тело имаше повеќе стотици куршуми”, тврди SOFREP, додавајќи дека светот би се згрозил од објавувањето на таква фотографија на изрешетено човечко тело.