
Врз основа на сите до сега прочитани книги на тема масони, со сигурност може да се тврди дека масонеријата подготвува планови кои водат кон Трета светска војна – изјавил Емил Чич, член на Хрватската акедемија на науките и уметностите во дијаспората.
Има многу теории според кои британската масонерија ги создала условите за почеток на Првата и Втората светска војна.
Според овие теории, видливо е дека светските војни биле планирани со цел создавање на британска доминација во Европа и светот. Британските империјалисти за сите операции во 20 век планирале да ги употребат САД каде ги преместиле своите централи и каде вклучиле во своите редови истакнати банкари и политичари.
Тој план се остварил и Америка денес без пардон ги напаѓа земјите од Средниот Исток , за потоа да удри и по Русија и Кина. Планот за Трета светска војна веќе требало да биде реализиран, но очигледно нешто се изјаловило па главните операции биле одложени.
Целта на војната е намалување на популацијата, а потоа создавање на нов светски поредок, бидејќи како што велат, многу е тешко да се обедини целиот свет, без отпор на поединечни држави.
Секоја моќна држава како Кина и Русија тешко дека ќе дозволат својот суверенитет да го изгубат во името на некакви си Обединети нации, па затоа покорувањето на најголемите противници ќе оди со употреба на воена сила. За да се дојде до тоа, постојано се создаваат лажни конфликтни ситуации помеѓу државите, за да се најде повод и причина за реализирање на долгоочекуваниот масонски план.