
Американската безбедносна агенција НСА собира околу 200 милиони СМС пораки дневно од целиот свет, се вели во новиот извештај објавен од страна на британскиот Гардијан.
Тие тврдат дека НСА ги користела пораките за да дознае информации за локации, мрежи и контакти, како и сметки во банка.
Програмата чие име е Дишфајер собира воглавно се што може. Дишфајер работи така што собира и анализира автоматски текстуални пораки . Овој програм ги открива и пиновите на кредитните картици, проверува состојба на сметка во банка, трансфери, приходи и сл.