Медитерански лепчиња со сирење

23 септември, 20140
11

Состојки

  • 2 и пол шолји брашно
  • 1 лажица прашок за печиво
  • 3 – 4 мали топчиња моцарела
  • ½ шолји пармезан или пекорино
  • 2 – 3 лажици фета сирење
  • 4 лажици младо сирење
  • 2 – 3 лажици крем сирење
  • 1 главица лук
  • 2 лажици магдонос
  • 2 лажици оригано
  • 2 – 4 лажици јогурт
  • 1 – 2 лажици вегета
  • маслиново масло

Начин на подготовка

Брашното ставете го во сад и додадете го прашокот за печиво. Потоа додадете ги и останатите состојки и мешајте.

Кога целото сирење ќе биде измешано со брашното, продолжете да мешате со раце. Во зависност од сирењето кое го користите, вашето тесто треба да биде меко и не премногу лепливо. Месете околу 5 минути. Потоа обликувајте топка и ставете ја во сад. Прелијте го тестото со маслиново масло и оставете го 15-тина минути.

Во тава ставете масло за готвење и загрејте ја. Тестото кинете го со раце, формирајте топчиња и сплескајте ги меѓу дланките, така што ќе добиете тенко округло тесто и почнете со пржење.

Пржете ги лепчињата на секоја страна по една минута или помалку. Кога ќе ги извадите, ставајте ги на хартиена крпа за да се впие маслото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi