Состојки:
– 400 гр. орео колачи со ментол фил
– 200 гр. крем сирење (омекнато на собна температура)
– 250 гр. чоколадо
Подготовка:
Орео колачите ставете ги во блендер и иситнете ги, а потоа измешајте ги убаво со крем сирењето. Од добиената смеса направете топчиња и ставете ги во замрзнувач околу 30 минути.
Чоколадото стопете го и со помош на лажица валкајте ги бомбиците во него.
Доколку сакате посипете над бомбиците со чоколадни трошки или пак испрскајте ги со стопени ментол бомбони.