Прочитајте ја страшната приказна на Бренда за фаталната грешка поради која се уште страда!

13 октомври, 20140
Прочитајте ја страшната приказна на Бренда за фаталната грешка поради која се уште страда!
Бренда Слеби пред седум години гостуваше во емисијата на Опра Винфри и тогаш ја раскажа страшната приказна која засекогаш и’ го променила животот. Нејзината ќеркичка умрела поради нејзината немарност!

Тогаш таа за себе изјави дека е “најомразената мајка во Америка”, а сега повторно гостува кај познатата водителка и потврдила дека по губитокот на своето дете никогаш повеќе нема да може да има нормален живот.

Бренда и нејзиниот сопруг Гери имале две ќеркички, а помалечката, Сесилија, имала само две години кога дошло до трагедијата. Тој кобен 23-ти август 2007-ма година Гери не можел помалечката Сесилија да ја однесе кај дадилката, па ја замолил Бренда да го направи тоа наместо него. Таа во тоа време работела како заменик директор и одвај успевала да одржи баланс помеѓу работата и семејството, а тоа утро се покажало дека не смеела ниту да се обидува.

Бренда ја земала ќерката со себе кога тргнала на работа, но бидејќи било прерано за да и’ ја однесе на својата дадилка, одлучила по пат да заврши некои обрвски. Поминала од пекара и купила крофни за своите колеги, а потоа се упатила кон училиштето во кое работела. Во меѓувреме малата Сесилија ја заборавила на задното седиште од својот автомобил.

Кога пристигнала во училиштето, излегла од автомобилот, ги извадила работите и се упатила кон канцеларијата при тоа оставајќи ја малата Сесилија заклучена во автомобилот на задното седиште во сред страшно жежок летен ден. Тоа бил првиот училишен ден и таа просто ен знаела каде и е главата од обврски, така што поминало многу време додека сфатила дека всушност ја заборавила ќерка си во автомобилот.

“Седев во канцеларијата и една добра учителка, моја пријателка и колешка која била тргната кон дома и случајно поминала покрај мојот автомобил дотрча до мојата канцеларија и ми кажа: “Бренда, бебето ти е во автомобил”… панично истрчав најбрзо што можев. Знаев што ќе најдам. Пулсирав и бев целосно зашеметена. Страв. Ме обли ладна пот. Ја отворив вратата од автомобилот и се сеќавам дека во позадина ги слушав гласовите околу мене од луѓето како врескаат. Ја повлеков толку силно што го повлеков и нејзиното седиште. Ја земав во раце и знаев… знаев дека е мртва. Само што ја земав во прегратка знаев”, раскажа Бренда во емисијата на Опра пред седум години.

Сесилија умрела од топлотен удар откако во автомобилот поминала осум часа. Денес, нејзината мајка не е повеќе со Грег, а единствената причина за живот ја гледа кај старата ќеркичка Алисон.

“Таа е причината поради која станувам од кревет секој ден. Таа е причината поради која направив се’ што имам направено изминативе седум години. Животот денес ми е многу поразличен од оној пред седум години. Повеќе не мислам дека сум најомразената мајка во Америка, но во задниот дел од умот секогаш ми стои таа мисла дека ја оставив ќерка ми да умре. Поради тоа многу се сомневам во она што го правам како мајка. Многу е тешко”, вели Бренда.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi