Мит за кафето: Ги поттикнува мрзливите, а ги демотивира вредните!

popara3 март, 20141min00
images (1)

Да, кафето нè буди и ни дава елан за остатокот од денот, но постојат случаи во кои кафето воопшто не е корисно, според најновите истражувања направени во отсекот за психологија на Универзитетот Колумбија, пишува Daily Mail.

Според научниците, кофеинот и некои амфетамини воопшто не помагаат околу мотивирањето за работа. Луѓето кои по природа се вредни и мотивирани, ќе функционираат полошо доколку се напијат кафе наутро, а кафето ќе делува позитивно само на мрзеливите луѓе, стои во заклучоците од оваа студија.

„Секој ден милиони луѓе користат стимуланси за да се разбудат и да бидат концентрирани, од шофери до студенти. Но, нашите истражувања покажуваат дека стимулансите може да имаат спротивен ефект од посакуваниот кај луѓето кои се одлучни и мотивирани на тешка работа”, изјавил Џеј Хоскинг, магистер по психологија од Универзитетот Колумбија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *