
Локалната жена Тифани Корлис ја здогледала змијата питон, како се упатува кон крокодилот кој одмарал на брегот на езерото Мундара. Имено, змијата успеа полека да го проголта целото тело на крокодилот.
Со брзина на светлината змијата се обвиткала околу телото на крокодилот, со што му го задала смртоносното давење.
Змијата била обвиткна врз крокодилот долг 70 сентиметри. Таа прво го удавила, а потоа и го изела. Жената која била сведок на овој ужасен чин додала дека на крај само можело да се види контура на крокодилот во стомакот на питонот.


