Мојот сопруг ме направи проститутка…

26 ноември, 20140
Мојот сопруг ме направи проститутка…
Неколку минутен филм со едноставна порака ги подели мислењата на јавноста, па така, додека дел од гледачите се воодушевени, другите ги искажуваат своите негативни коментари.

Имено, краток филм со сосема едноставна цел – зголемување на свеста на возачите за возење во алкохолизирана состојба и последиците кои што тоа може да ги донесе, предизвика лавина од негативни коментари на социјалните мрежи, поради изнесената претпоставка дека жените може да заработуваат за живот единствено со проституција.

Филмот ја следи измислената приказна на една жена која, поради непромисленоста на својот сопруг, сега е принудена да го продава сопственото тело, се со цел на семејството да му обезбеди егзистенција.


Се со цел да се зголеми свеста за последиците од возењето во алкохолизирана состојба, филмот ”My Husband Made Me A Prostitute”, чија режија ја потпишува Панкај Такура, бил снимен за потребите на индиската хуманитарна организација ”Mission Sharing Knowledge”.

Во неколку минутното видео, главната протагонистка остава впечаток дека се подготвува за вечерно излегување, но тогаш почнува нејзината тажна животна приказна.

“Пред неколку месеци ги осудував проститутките, но очигледно, тогаш не мислев дека ќе станам една од нив. Сега мојата перцепција се промени. Секој ден имам ново име и нов маж”, ја започнува својата исповед несреќната жена.

Всушност, целата приказна е насочена кон нејзиниот сопруг, кој по едно лудо вечерно излегување, одлучил да седне зад воланот во алкохолизирана состојба, наместо безбедно да пристигне дома со такси.


На патот кон семејниот дом тој доживеал тешка сообраќајна несреќа и вистинско чудо било што воопшто преживеал. Сега неговата сопруга мора да се грижи и за двајцата и да заработува за леб. “Сигурна сум дека не планирал ваква иднина за мене”, вели пожртвуваната сопруга.

Краткиот филм завршува со пораката: “Вашето семејство е тоа кое што ќе ја плати цената. Не возете пијани!”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *