Моментот кога имате чувство дека сте го допреле дното

popara19 септември, 20141min00
9

Во животот ќе искусите низа непријатни искуства, некои од нив на љубовно, други на финансиско или работно поле. Во моментите кога ги искусувате ситуациите работите ви изгледаат навистина лошо, но во суштина добар дел од нив во иднина можат да се покажат добри за вас.

Раскинување на врска со личност во која сте вљубени

Ова е болно искуство, кое додека го доживувате ви создава очајно чувство на загуба која мислите дека нема никогаш да ја надминете. Раскинувањето на врска никогаш не е пријатно искуство, меѓутоа раскинувањето на врска со личност која искрено ја сакате е навистина тешко да се надмине. Но, не е невозможно. Иако тогаш ви се чини дека нема никогаш да сакате така, дека тоа била вистинската личност за вас и нема да најдете слична со која толку ќе си одговарате, обидете се да размислите на следниов начин – ако било толку добра врската помеѓу вас, дали ќе и дошол крајот? Личност што ве сака и е подготвена да се бори за вас нема да ве остави зад себе. Ако тоа го сторила, тогаш вие не сте и значеле толку колку што таа ви значи вас. Тоа значи дека треба да најдете некој со кој ќе споделувате взаемна љубов. А штом веќе сте слободни, имате комплетна слобода да го сторите тоа.

Добивањето отказ

Сосема непријатно е да изгубите стабилен финансиски приход и да помислите дека ќе треба да седите во очај борејќи се да најдете ново работно место. Но, кој вели дека загубата на старото, нема да донесе ново уште подобро работно место за вас? Не дозволувајте комплетно да ве обземе потиштеноста и обидете се да најдете подобра опција за себе. Ова ви дава можност да разгледате повеќе опции и да најдете работно место што повеќе би го сакале, а зошто да не и промена на кариерата?

Кога пријателот ќе ви забие нож во грбот

Најголемите разочарувања доаѓаат од најблиските, бидејќи од нив не очекувате дека ќе ви забодат нож во грб. Ќе биде потребно некое време за да разберете како е можно да сте превиделе со каква личност сте граделе пријателство, но добрата вест е што кога ќе ставите крај на таквото пријателство, ќе се ослободите од потенцијално ново разочарување. Никогаш не е добро да држите покрај себе луѓе кои можат и тоа како да ви наштетат. Од ваквите искуства се учи многу – во иднина многу подобро ќе ги проценувате луѓето.

Моментот кога имате чувство дека сте го допреле дното

Не е важна причината поради која се чувствувате вака (емотивна, финансиска загуба) во ваквите тешки мигови важно е да го  разберете следново – ако мислите дека сте го допреле дното од таму има само еден пат, можете да одите само нагоре. Разочарувањето што направило да се чувствувате крајно лошо треба да го претворите во мотивација за никогаш повторно да не се најдете во истата позиција.

Денот кога ќе се реализира вашиот најголем страв

Стравовите се субјективни, некој дури би рекол дека најголемиот страв обично е „надуен“ и од рационална гледна точка нема шанси да се оствари. Но, што ако се најдете во позиција она од што најмногу сте се плашеле навистина да се случи? Зависи како ќе се поставите во ваква ситуација. Нема да можете да избегате и ќе мора да се соочите со она што се случува. Искуството може комплетно да ве сруши или да ве направи два пати посилни. За тоа ќе треба самите да одлучите. Добрата вест е што ќе ја надминете идејата за конкретниот страв и тој повеќе нема да ве гони.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag