
Макаулај Онитча (25) се обидел да ја убие својата двомесечна ќерка закопувајќи ја жива во градот Лагос, Нигерија.
Доволно е страшен самиот начин на обид за убиство, и ако на тоа се додаде дека таткото го закопал живо недолжното бебе и тоа само затоа што неговата жена не сакала да има секс после раѓањето, тогаш добиваме еден од најбруталните чинови некогаш извршени.
Бебето Една за среќа преживеало, бидејќи некој од минувачите ја слушнал и набрзо ја откопал.
Таткото монструм бил приведен и признал зошто сакал да ја убие ќерката.