Му се заканувала на градоначалникот на Копeр со убиство: Ќе те убијат луѓе од Косово!

12 ноември, 20140
Му се заканувала на градоначалникот на Копeр со убиство: Ќе те убијат луѓе од Косово!
Нотарката Полка Бошковиќ, која Борис Поповиќ ја победил на изборите за градоначалник на Копeр, му се заканувала со убиство и местење на судски процес против него.

Градоначалникот на Копeр, Борис Поповиќ, добил сериозни смртни закани од Полка Бошковиќ, градска нотарка, која била негов противкандидат на изборите одржани во октомври.

Бошкович била снимена додека зборувала дека нејзиниот конкурент ќе биде убиен и дека нејзината мајка ѝ кажала “дека доколку ѝ фали едно влакно на главата, Поповиќ ќе биде убиен од “луѓе кои војувале на Косово””. “Тоа се луѓе кои војувале на Косово. Немаат што да загубат. Јас не знам тој што мисли, дека нема да оди во затвор?”, вели Бошковиќ. Снимката била емитувана на Radio Kapris, а сега кружи на Јутуб.

Понатаму, Бошковиќ вели дека против Поповиќ води 30 постапки и дека би му било паметно да ја остави на мира. Исто така се пофалила дека има влијание на судијката Мери Микач, која го водела тие процеси.

Опасната нотарка додала дека Поповиќ има жена и деца и дека би му било паметно да престане, а доколку не го направи тоа, ќе го убијат Црногорци кои војувале на Косово.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi