Вистинскиот “Волк од Вол стрит“: Ми даваше кокаин и ме присилуваше на секс со луѓето со кои планираше зделки

12 ноември, 20140
13

Во јавноста излегоа деталите од бракоразводната парница на Кристина Ди Мауро и Сејџ Кели, вистинскиот „Волк од Вол стрит“, поради која се тресеше целиот Вол Стрит а многу финансиски могули се препотувале поради обвинувањата за сексуалните оргии, наркоманските сеанси со кокаин и ултимативната декаденција и разврат.

Главни актери во оваа афера која ја шокираше јавноста, беа 42-годишниот Сејџ Кели, милионер и инвестициски банкар од компанијата „Џефрис енд компани“ и неговата сопруга Кристина Ди Мауро Кели (39). Отпрвин се изгледало како сериозна брачна кавга. Кели поднел барање за развод а откако добил привремено старателство над своите ќерки, врз основа на тоа што потајно ја снимил својата сопруга како шмрка кокаин во неговиот стан на Петата авенија, на неа и „пукнал филмот“ и дала противтужба во која не само што тврдела дека нејзиниот сопруг е сериозен зависник од алкохол и кокаин и злоставувач на деца, туку и дека ја принудувал на секс со неговите потенцијални деловни партнери со цел за да склопи зделка со нив.

Освен сопругот, Кристина споменала низа други имиња од финансискиот свет па одеднаш на Вол стри почнале да се спорведуваат тестови за дрога и да се издаваат соопштенија со кои се негираат обвинувањата. На пример, во својата тужба Кристина детално го опишала случувањето од Бостон во 2012 година кога Кели ја принудил да има сексуален однос со Марк Бир, шеф на компанијата „Aegerion Pharmaceutical“ со кој сакал да склопи зделка.

volstrit

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *