За претстојниот саем во Лос Анџелес е најавена премиерата на специјалната серија од суперспортското купе на Audi со 570 КС и каросерија олеснета со карбонски елементи.
Американската филијала на Audi го најави дебито на специјалната серија R8 competition на претстојниот салон во Лос Анџелес.
R8 competition е најсилната верзија на спортското купе, a воедно и најблиска до натпреварувачките болиди на Audi, конкретно до R8 LMS којшто победи буквално на сите трки кадешто се појави.
Серијата од 60 примероци е наменета само за пазарот во САД и поседува 5,2-литарски V10 со 570 КС, во ексклузивна комбинација со седумстепен менувач S tronic и спортски издув.
Во ова издание, R8 забрзува до 60 mph, односно 96 km/h за само 3,2 секунди и постигнува 320 километри на час, што го прави најбрз досега произведен примерок од моделот.