Најубавата љубовна приказна, а трае само 2 минути

popara29 март, 20141min00

Една од најдобрите љубовни приказни која трае само 2 минути, доаѓа од Велика Британија.

Девојката била одведена од нејзиното момче да гледаат непознат аматерски филм и била повеќе од шокирана кога сфатила дека станува збор за добро организирана понуда за брак.

Романтичниот гест на Џони Вингфилд го разнежни цел свет. 40-годишниот скулптор одлучи да ја запрсои својата долгогодишна партнерка на Лавинија Даон на начин што ќе го памети за цел живот.

Дури шест недели траела неговата организација за овој романтичен план, а резултатот излегол повеќе од добар.

Џони одлучил да ја пренесе неговата животна приказна на филмското платно во форма на анимиран филм со наслов „Вистинска љубовна приказна“ во период од 2 минути.

Цртаниот филм го опишува заедничкиот живот на двајца млади луѓе, кои се состанале во ноќен клуб и се заљубиле на прв поглед. Иако љубовта била многу силна, сепак за жал, парот поради работата морал да се раздели, поради што долго страдале.

Но, дека љубовта ги победува и најтешките пречки во животот, докажа неговата девојка Лавинија, која одлучила да ја напушти работата како стјуардеса и да го пропатува светот за да стигне до својот сакан.

Двајцата заљубеници наскоро подоцна почнале да живеат заедно, добиле бебе, а завршувањето на филмот се опишува со прекрасни зборови, на кои никој не може да остане рамнодушен: „Лавинија Мери Даон, од мене го извлече најдоброто, ти си моето сонце и љубовта на мојот живот… ќе се омажиш ли за мене?“

httpv://www.youtube.com/watch?v=FMF0vd9qpgY

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag