
ОВЕН – Оваа пролет за вас драги Овнови ќе биде во знакот на партнерските односи. Врската со љубовниот партнер ќе бара повеќе внимание, трпеливост и нерви. Ќе имате ситуации кога ќе пламенете, но имајте на ум дека тоа е само рефлексија на ситуацијата на небото која во вас така се одразува, или кажано филозофски „како е горе, така е и долу“. Имајќи го ова на ум, нема да направите поголема грешка за која би се покајале. Односите со колегите на работа или со деловен партнер, доколку го имате, ќе бидат нагласени исто така. Можно е некои нешта што треба да течат брзо и лесно, да се успорат или да не тргнат како што планирате.
Нагласен период: после 15 април – завршува една фаза од вашиот живот, и влегувате во нов период.
БИК – Ќе имате долги и напорни денови на работа, а секојдневите обврски ќе бараат повеќе внимание. Посебно пазете го здравјето, а и себеси од ненадејни повреди по дома од остри предмети, електрични или од оган. Нема сите Бикови да имаат проблем со здравјето, се разбира, но ако било лошо веќе некое време, оваа пролет ќе е вистинско време да се позанимавате со тоа. Ќе менувате и некои навики, посебно оние што се однесуваат за работа и за исхрана. Ова е исто така погоден период да си најдете помошник, во која област и да ви треба.
Нагласен период: после 29 април – започнувате со нешто ново.
БЛИЗНАЦИ – Нема да е лабаво за вас оваа пролет. Бидете повнимателни во нервозните ситуации и разговори кои ќе започнат речиси од ништо. Деца, спорт, забава, љубов – е она што ќе ви ја одбележи пролетта. Ако не сте по спортот, овој пат ќе ве заинтересира некоја боречка вештина. Можеби чувствувате вишок енергија па не знаете како да се ослободите од неа, но секако чувствувате потреба од креативно трошење на времето и енергијата. Посебно бидете прибрани во односот со љубовниот партнер, бидејќи на моменти вашата зголемена самодоверба ќе доведе и до кавги. Се отвора шанса за контакт со бивши партнер/ партнерка.
Нагласен период: после 20 април – голем прилив или одлив на пари од вашата сметка.
РАК – Нервозни ситуации поврзани со домот, со член на семејството илиместото каде што живеете. Ако преуредувате по дома, се селите или некој се вселува кај вас, ќе ви треба зголемено ниво на дипломатија и прилагодување на туѓите потреби за да не предизвикате непотребни кавги. За оние кои работат од дома, ова може да е период кога домашните нема да ве толерираат како досега, пример ако правите повеќе галама или пак обратно – барате тишина, и ви сметаат нивните активности.
Нагласен период: после 15 април – ќе се отворат нештата кои биле закочени подолг период.
ЛАВ – Преговори, договори, зголемена комуникација, како и односи со роднини и соседи ќе бидат во центарот на вашето внимание оваа пролет. Ќе треба да внимавате на зборовите, постои можност да навредите некого со вашиот директен говор. Внимателно и во сообраќајот, посебно ако сте тазе возач. Што се однесува до роднините и/или соседите, ќе бидете втурнати во ситуација да помагате, или да решавате некаков нивен проблем. Вашата самодоверба ќе биде толку изразена пролетва, а тоа ќе се одрази и на договорите кои ќе ги склучувате. Постои можност да обновите комуникација со некого.
Нагласен период: после 30 март – интересно на поле љубов.
ДЕВИЦА – За вас драги Девици оваа пролет ќе е период на грижа околу финансиите. Не затоа што ќе ги нема парите, туку затоа што ќе ги трошите побрзо отколку што ќе доаѓаат. Но ако сте во ситуација да чекате пари од некаде, наплата на долг, на пример, тоа потешко ќе го реализирате, иако од вас лесно ќе им е на другите да наплатат што вие должите. Ова секако ќе ве фрустрира, и на моменти ќе се чувствувате како под притисок во врска со финансиите. Ако сметките ви ги плаќа некој друг (родител, партнер), или пак вие плаќате некому, очекувајте да има недоразбирања околу начинот на кој се трошат парите.
Нагласен период: после 20 април – ќе сфатите дека вредите повеќе отколку што добивате, па ќе преземете акција да го смените тоа.
ВАГА – На моменти преполни со енергија, дури и експлозивни, како некој да ви дотурил бензин – ете така ќе се чувствувате оваа пролет. Опасноста лежи во тоа што поради високото ниво на енергија, ќе се најдете во ситуација кога ќе започенте многу нешта наеднаш, и нема да имате време да довршите сè што ви е во план. Во текот на втората половина од мај ќе бидете мрзеливи или преморени. Пролетва ќе бидете со голема самодоверба: ќе се борите за она во што верувате и ќе покажете ентузијазам и иницијатива во областите каде сметате дека постои можност да се потврдите на некој начин. Посебно во врска со партнерство, било љубовно или деловно.
Нагласен период: после 8 април – креативноста и наплив на идеи ќе дојдат до израз.
СКОРПИЈА – Сомнежи ќе ве нагризуваат: нешто е скриено од вас, или вие криете од другите. Како и да е, ова е период кога енергијата ќе ја трошите на нешто што ќе е „невидливо“ за другите, барем во текот на овој период, сè додека да решите дека дошло време да го обелодените тоа. И да, ќе бидете помалку кавгаџиски расположени од обично. Нема да сакате да влегувате во расправии, посебно затоа што имате активност на која сте фокусирани, а расправиите ви ја одземаат енергијата.
Нагласен период: после29 април – новини во вашиот живот.
СТРЕЛЕЦ – Пријатели, големи организации, групни активности – тоа ќе е обележје за вас во текот на оваа пролет. Ќе има кавги и недоразбирања, и голема е веројатноста дека ќе напуштите некое пријателство или некоја група во која сте биле активни подолг период до сега. Сепак, нема да останете сами, тук усамо ќе ги смените луѓето или интересите. Некои од вашите желби ќе бидат на прагот на реализирање, па активно и агресивно ќе се занимавате со остварување на она што го посакувате.
Нагласен период: после 20 април – пари во големи количества ќе бидат во прашање.
ЈАРЕЦ – Бидете трпеливи ако работата, кариерата или промените на статусот не одат со брзината која ја посакувате, а ќе имате причини да избувнете повеќе од еднаш. Сепак, кога и да имате можност, одмарајте се и релаксирајте се во пролетниов период, посебно што стресни ќе бидат ситуациите поврзани со работата. Можен е судбински настан, нешто поврзано со поголема промена: преселба, или започнување на нешто ново. Но активностите нема да течат како што очекувате, бидејќи ќе се појават бројни непредвидливи препреки на патот до успехот.
Нагласен период: после 20 април – започнува период на голема промена.
ВОДОЛИЈА – Учење, патување, контакт со странци, или адвокати, со што и да имате работа оваа пролет, ќе оди бавно. Ќе треба да вложите повеќе време, внимание и енергија за да ги средите деталите кои овој пат ќе ви донесат стресни ситуации. Ако чекате виза или некакви документи, исто така ќе има одложувања и нервози.
Нагласен период: после 30 март и посебно после 23 април – ќе бидат актуелни погоре кажаните работи.
РИБИ – Парите ќе доаѓаат задоцнето или после нервозна ситуација. Ако се работи за кредит или позајмица, проверете убаво што сè пишува во договорот. Ќе има моменти кога ќе чувствувате како да сте присилени да плаќате нешто што не е ваш долг, или пак дека вашите пари завршуваат во туѓ џеб. Многу енергија ќе потрошите да ги средите недоразбирањата, но не двоумете се да го сторите тоа, бидејќи правдата е на ваша страна.
Нагласен период: после 12 април – период на позитивни настани во љубовта.